Како да пријавам штета?
Пријава за штета можете да поднесете како регистриран корисник, но и без најава.
Ако не сте регистрирани и најавени во моментот на поднесување на пријавата истата ќе морате целосно да ја пополните, заедно со прикачување на сите потребни документи, и веднаш да ја испратите. Предноста на регистрацијата е во тоа што највените корисници добиваат можност да ја зачуваат нецелосно пополнетата пријава за испраќање подоцна. Неподнесените пријави на регистрирани и најавени корисници ќе останат зачувани во системот со можност за подоцнежно испраќање во рок од 5 дена.
Пријавувањето на штетите е олеснето со Водичот за пријава на штета кој со одговор на неколку прашања Ви помага да го изберете соодветниот образец за пријава.
Во секој образец задолжителните полиња кои мора да бидат пополнети за да се овозможи испраќање на пријавата се означени со ѕвезда. Истото важи и за задолжителните документи кои мора да бидат прикачени на пријавата. Докумените кои е потребно да се прикачат а кои ги немате во електронска форма (како на пример рачно потпишана изјава, сообаќајна дозвола и слично) можете да ги фотографирате со мобилниот телефон и соодветните слики да ги прикачите во полето за документ. Пријавата на штета нема потреба да ја печатите.
Ве молиме пред испраќање на пријавата да ги проверите бројот на мобилниот телефон како и мејл адресата внесени во пријавата. Истите се од исклучителна важност бидејќи на дадениот телефонски број ќе го добиете пинот за проверка на статус на штета, а на мејлот ќе добиете потврда за пријавата. Исто така ќе ни овозможите да Ве контактираме и побрзо да го обработиме Вашето барање.
Пинот за проверка на статус на штета не се добива во момент на испраќање на пријавата, туку малку подоцна по прием на штетата од страна на нашите оператори.
Како да проверам статус?
За проверка на статус на штета потребно е да го внесете матичниот број на оштетеното лице и пинот кој го добивте во смс порака при пријава на штетата.
По поднесување на барањето за штета, онлајн или директно во просториите на Винер, и почетна обработка на истото од страна на нашите оператори, ќе добиете пин преку СМС порака на бројот кој сте го навеле во пријавата. Доколку немате добиено пин Ве молиме обратете се во контакт центарот на 15999.
Ако имате поденесено повеќе пријави за штета со внес на последниот добиен пин ќе добиете преглед на статусите на сите пријави.
Проверка на статус на штета е овозможено и за пријавите поднесени во филијалите на Винер, но истото ќе важи само за пријави поднесени по моментот на пуштање во употреба на оваа апликација. Онлајн проверка на штета нема да е можна за постари пријави.